МАКЕДОНСКИ НУМЕРОЛОГ ЗА 2021: Година на искушенија и вадење од под урнатини од минатата година
По тешката 2020 година, зачекоруваме во нова година со надеж дека проблемите на економски план и здравствената криза ќе бидат надминати. Но, што кажуваат бројките за оваа 2021 година?
Нумерологот Драгица Стевковска вели дека оваа 2021 година ќе биде година на искушенија и докажување. Додава дека оваа ќе биде година во која ќе бараме скалило плус и воздух плус на економско и здравствено поле.

„2021 ќе биде година на искушенија, но и година со успеси на некои полиња. Бидејќи влегуваме во годината како 1.01.2021, тоа вели дека ќе имаме успеси во однос на распознавање и публицитет во светски рамки, преку многу промоции и остварувања на успешни луѓе. Македонија во 2021 година ќе се најде во многу политички превирања, немири, излегувања на улици, негодувања. Многумина ги интересира економскиот и здравствиот проблем, бидејќи една година поминавме со Ковид и економска криза. Првите четири месеци ќе бидат скоро исти, тешки, макотрпни и со барање енергија плус. Веќе од 5-от месец ќе почнеме да се движиме кон некоја цел. Но, за жал 6 месеци ќе бидат со чувство на вадење како од под урнатини“, вели Стевковска.
Таа додава дека е убаво што во оваа година ќе се поздравиме со пандемијата, но годината носи тажни вести за познати лица. Објаснува дека август, септември и октомври ќе донесат повеќе енергија за луѓето.
„Ќе биде интересно, ќе има обелоденување на афери и матни зделки“, рече Стевковска.
Таа вели дека добра вест е што оваа година ќе има поголем наталитет и повеќе родени деца.
Сања Атанасовска