Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИ НОВИНAРИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СРБИЈА - помогна и српското здружение, но и претседателот Вучиќ

МАКЕДОНСКИ НОВИНAРИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СРБИЈА - помогна и српското здружение, но и претседателот Вучиќ

Дел од македонските новинари се вакцинираа во Врање.

Некои од нив објавија фотографии од чинот на вакцинирањето, како и потврди дека ја примиле првата доза на вакцината. 

„Примили смо вакцину“, напиша шеговито на фејсбук новинарот Јован Ѓорговски од Канал 5 телевизија. 

Од објавените фотографии се гледа дека тие ги примиле вакцините во здравствениот дом во Врање.

Инаку, денеска стотина македонски новинари беа во Врање на вакцинација со АстраЗенека, дози кои им ги обезбеди Македонската асоцијација на новинари МАН заедно со здружение од Србија и со посредство на претседателот Александар Вучиќ. 

Повикот за заинтересираност беше објавен неодамна, а уште наредниот ден квотата била исполнета.

„Сто (100) медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни емаил потврди дека се регистрирани за вакцинација. Деталите за организираниот автобуски превоз (време и место на поаѓање и враќање од Скопје до Врање и назад) официјално ќе ги доставиме утре претпладне. На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија Александар Вучиќ, одобрена ни е вакцинација и ревакцинација за 100 лица“, изјавија од МАН.

Слично

Поврзани вести