Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ: Дојде времето за дела и одбрана на татковината

МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ: Дојде времето за дела и одбрана на татковината

Македонски манифест во своето соопштение наведува дека времето за дебати истече. 

Додаваат дека дојде времето за дела и одбрана на татковината. 

„Да му дадеме поддршка на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов да не го даде мандатот за уништување на македонската држава. Да ги чуваме македонските државни институции – претседател, Собрание и Влада од напади на сепаратисти и терористи. Да не им дадеме можност на странските фактори во Македонија да прават притисок врз македонските државни институции и да ја кројат нашата судбина“-соопшти Македонски манифест.

Ги повикаа сите македонски граѓани кои ја носат Македонија во своите срца на борба против создавање на антидржавна и антимакедонска влада.

Слично

Поврзани вести