МАКЕДОНСКИ ЛАС ВЕГАС: Гевгелиските казина им ги „празнат“ џебовите на Грците
60 милиони евра годишно заработуваат гевгелиските казина од грчките државјани.
Гевгелија позната како Лас Вегас годишно ја посетуваат 550.000 грчки државјани, пишува МИА.
Коцката одамна е фрлена во Гевгелија, поточно уште од 1987 година, кога во центарот на градот во просториите на хотелот „Југо“ беше отворено првото казино „Аполонија“. Денес, покрај „Аполонија“ работат уште две големи казина „Фламинго“ и „Принцес“, како и пет помали електронски казина на компаниите „Астра“, „Сенатор“, „Слот“ и „Адмирал“.
„Финансиските средства што се акумулираат од казината во општинската каса не се мали“ - вели градоначалникот на општина Гевгелија Сашко Поцков чиј приоритет ќе биде да ги убеди раководните луѓе на казината да покажат поголема општествена одговорност.
Поцков има за цел да ги натера да вложуваат повеќе пари во развојот на спортот и да ги поддржуваат финансиски спортските екипи од општинава кои учествуваат во разни натпреварувачки рангови, но секако и да помогнат во изградбата на современи спортски објекти
