Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски Концепт избра генерален секретар и уште тројца функционери.

Македонски Концепт избра генерален секретар и уште тројца функционери.

Македонски Концепт објави дека Мартин Бошкоски е избран за генерален секретар на партијата. Бошкоски е магистер на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Бошкоски е со повеќегодишно работно искуство како во адвокатурата, така и во другите сектори на стопанството.

„Македонски Концепт, како отворена политичка платформа, постојано работи на вклучување на нови кадри кои се залагаат за полна демократизација на македонското општество. Граѓанскиот активизам претставува клучна компонента на Македонски Концепт, при што беа распишани огласи за избор на генерален секретар, заменик-генерален секретар, извршен директор и претседател на Младински Концепт“, објавија од таму.

На седница одржана на 27 јуни 2021 година, Националниот совет на Македонски Концепт го избра и  Филип Дилевски за заменик-генерален секретар на Македонски Концепт. 

„Дилевски е ко-сопственик и извршен директор на приватна консултантска куќа, чиј приоритет е привлекување странски инвестиции и создавање нови работни позиции во руралните места“, објавија од партијата.

Антoниo Нeстoрoски ќе биде извршен директор на Републички Директорат на Македонски Концепт. Нестороски е дипломиран политиколог на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и иден магистер на Универзитетот во Падова, Италија.

Александар Тасев е одбран за претседател на Младински Концепт. Тасев е иден дипломиран економист на Економскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.


Слично

Поврзани вести