Македонски камионџија загина близу Белград
Околу 1 часот по полноќ во Србија се случила страшна сообраќајна несреќа во која загинал 35 годишен македонски државјанин, пишуваат српските медиуми.
Македонски државјанин (35) загина во сообраќајна несреќа што се случила во близина на Белград на патот кон Добановци кога се судриле автомобил и камион со полициска придружба.
Четворица други се повредени и се згрижени од Службата за брза помош.
Причината за несреќата ќе се знае по истрагата.
Слично
