Македонски и италијански бизнисмени ќе се сретнат во Скопје
Компании од секторите инфраструктура, градежништво и енергетика ќе учествуваат на македонско-италијанскиот бизнис форум, што ќе започне денеска во Скопје.
Според најавите, на средбата, на која ќе бидат презентирани главните проекти во инфраструктурата и енергетиката во Македонија за следните 3-5 години, треба да присуствуваат 30 италијански и 40 македонски компании.
Почесни гости на форумот ќе бидат италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимо Белели, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Слично
