Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски и грчки тинејџери се тепале поради името?

Македонски и грчки тинејџери се тепале поради името?

Млади ракометари oд Македонија се истепаа со Грци во Неи Пори, а причината е името на нашата земја.

Како што пренесува порталот А1он.мк до тепачката дошло откако младите момчиња биле слушнати како зборуваат на македонски во една играчница. На прашањето од каде се кажале дека доаѓаат од Македонија, при што жената која ги испрашувала повикала неколку грчки тинејџери.

Притоа дошло до тепачка, па морала да интервенира полицијата. Ракометарите биле дел од кампот на Андријана Будимир, а неофицијално има неколку кои завршиле со телесни повреди.

На ваквите информации имаше реакција од страна на Андријана Будимир. Таа на Фејсбук профилот на нејзината Ракометна школа објави демант.

Слично

Поврзани вести