Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски граѓани се уште се вакцинираат во Врање, досега втора доза примиле 11.966

Македонски граѓани се уште се вакцинираат во Врање, досега втора доза примиле 11.966

Во текот на вчерашниот ден во Врање се вакцинирале тројца граѓани на Македонија, а од почетокот на имунизацијата во овој град во Србија во спортската сала првата доза е аплицирана на 13.657 македонски државјани, јавува МИА.

Според порталот Врање њуз, втората доза во Врање ја примиле 11.966 македонски државјани.

Севкупно, убедливо најчесто е аплицирана кинеска вакцина Синофарм, пред Фајзер, Спутник и АстраЗенека.


Слично

Поврзани вести