Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски град во Топ-10 најзагадени во Европа досега во 2018-та

Македонски град во Топ-10 најзагадени во Европа досега во 2018-та

Македонскиот град Тетово се најде меѓу десетте европски градови со најголема концентрација на токсични супстанции во воздухот годинава, според студијата на Светската здравствена организација за 2018 година.

„Дури и во лесни есенски денови, луѓето голтаат воздух во Тетово, древен град лоциран во подножјето на Шар-планина“ објави Ројтерс.

Многумина стравуваат дека ситуацијата уште повеќе ќе се влоши со приближување кон зимата. Во минатото, властите беа принудени да ги затворат училиштата поради смог. Проблем прават и старите возила

Домаќинствата во градот за загревање премногу се потпираат на јагленов лигнит.

Високите емисии на издувни гасови, исто така, значително придонесуваат за загадување, според информациите на СЗО.

Втор град од Балканот во рангирањето е босанскиот индустриски центар Тузла.


Слично

Поврзани вести