Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски фирми ќе ги градат автопатите кон Штип и Охрид, работа има за 4 години

Македонски фирми ќе ги градат автопатите кон Штип и Охрид, работа има за 4 години
Владата одлучи, изградбата двата нови автопати, едиот Скопје – Свети Николе – Штип и вториот од Кичево до Охрид ќе се плаќа на кредит, преку кинеската Ексим банка. Кредитот, како што информираа  вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за транспорот и врски Миле Јанакиески, ќе се враќа 20 години, со 5 години грејс период и каматна стапка од 2 процентни поени. Како што информираше министерот Јанакиески, владата ги  усвоила законите за реализација на инфраструктурните објекти за автопатските делници, како и предлог-договорите со градежната компанија. Главниот изведувач на градежните работи ќе треба да ангажира подизведувачи од Македонија и тоа најмалку за 49 проценти од предвидените работи. Истоа така минимум 49 проценти, ќе треба да набавува  градежни материјали од Македонија, а над половина од работниците ќе треба да се македонски државјани. Со ова министрите уверуваат дека проектите ќе придонесат за економски развој на државата, нови работни места за македонските граѓани и многу работа за градежниот сектор во наредните четири години.
Автопатот Скопје-Свети Николе-Штип ќе чини 206 милиони евра, ќе биде во должина од 53 километри со ширина од 29 метри и ќе има по две коловозни ленти од двете страни и една дополнителна лента за застанување. Рокот за изградба е три години. Вториот автопат од Кичево за Охрид тежи 374 милиони евра, има должина од 56,7 километри, ширина од 27,5 метри и треба да биде изграден за 45 месеци. Во договорите исто така има одредба со која се предвидени сумата да порасме за 10 проценти при дополнителни непредвидени работи. Лани  Кина стави на располагање 10 милијарди долари за изградба на инфраструктурни проекти во Источна и Централна Европа. „Македонија е првата држава која што ќе успее да искористи дел од оваа кредитна линија и целата постапка што е водена од тогаш до сега, односно траеше долго една година, е водена целосно во согласност со меѓународните договори што ги имаме потпишано со Народна Република Кина, но истите дополнително беа засилени од наша страна со цел да се обезбеди поголема транспарентност и поголема конкурентност во процесот со цел да дојдеме до поевтина и што поатркативна понуда за изградба на овие патиштата“, изјави вицепремиерот Пешевски.
 
Слично

Поврзани вести