„МАКЕДОНСКИ ДВОЕН СТАНДАРД“: Георгиевски за убиствата на младиците од Ваташа и илјада тиквешани - 'паника по медиумите'
Поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, со нов пост се огласи на социјалните мрежи, укажувајќи според него на „македонски двоен стандард“.
Според неговата објава, иако нашата земја имала причина за одбележување на два тешки настани изминатава недела, повразани со тешката историја со окупирање на нашата земја од соседите, сепак, во медиумите бил споменат само настан поврза со бугарскиот окупатор, но не и настаните поврзани со српскиот окупатор.
Еве што напиша:
- Македонски двоен стандард:
1. ВО иста седмица се одбележа масакрот на дванаесет младинци од Ваташа убиени од бугарскиот окупатор за кои пишуваат сите медиуми и патриоти.
И геноцидното убиство на над илјада тиквешани од србскиот окупатор за кој освен еден портал никој не го спомна.
2.Две години се снимаат документарни програми и се шета Македонија со предавајна за србски цркви и манастири сите патриоти молчат.
СЕга кога Бугарија го бара истото веднаш паника по медиумите и кај патриотите - пишува во објавата на Георгиевски на Фејсбук.
