Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски државјанин загина во тешка несреќа на автопат во Хрватска

Македонски државјанин загина во тешка несреќа на автопат во Хрватска

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера, 5 мај, на хрватскиот автопат А3, во близина на местото Среданац, на подрачјето на општина Доњи Андријевци.

Според информациите што ги објавија хрватските медиуми, загинатиот е државјанин на Република Северна Македонија.

Несреќата се случила околу 14:15 часот, кога товарно возило излетало од коловозот, ја пробило централната метална заштитна ограда, удрило во два столба за улично осветлување и преминало на спротивната страна од автопатот. По ударот избувнал пожар, при што возачот го загубил животот.

На местото на несреќата биле пронајдени регистарски таблички од Македонија, јавуваат хрватските медиуми.

Интервенцијата на пожарникарите била отежната поради густиот сообраќај и поради тоа што дел од возачите не оставиле доволно простор за минување на службите за итна помош. На снимка објавена на Фејсбук страницата „Пожарникари – 193“ се гледа дека пожарникарите морале да излезат од возилата и рачно да ги насочуваат возачите за да се пробијат до местото на несреќата.

„Десет минути не можевме да се пробиеме“, изјавил еден од пожарникарите за хрватска Нова ТВ.

Сообраќајот на автопатот бил во прекин неколку часа поради увидот и санирањето на оштетената електрична мрежа. Хрватската полиција продолжува со утврдување на идентитетот на починатиот возач и сите околности под кои се случила несреќата.

Слично

Поврзани вести