Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски државјанин раскажа како успеале да се евакуираат од Авганистан

Македонски државјанин раскажа како успеале да се евакуираат од Авганистан

Македонските граѓани кои биле на работа во Авганистан се вратени во својата земја. 

Немавме проблем поради американските, азербејџански и турски трупи и се беше под контрола, вели Газменд Арифи еден од евакуираните наши граѓани од Авганистан.

Тој работел во воена база во близина на аеродромот во Кабул и се навремено извлечени од таму прво во Доха, каде со помош на нашиот амбасадор Шабан Јашари во овој град успеале да заминат за Истанбул, а од таму во Скопје.

„Евакуацијата беше во ред, не евакуираа од Кабул до Катар, па преку Истанбул и во Скопје. Во Катар нашиот амбасадор го направи невозможното за да не извлече од таму, имаше административни процедури и во рекордно време бевме извлечени. Секако знаевме од почеток каде се наоѓаме, за нас не беше нешто ново тоа, бевме загрижени. Со Талибанците немавме проблеми воопшто, немавме средби со нив“,  вели Газменд Арифи. 

Триесетина наши државјани синоќа од Турција, пристигнаа на Меѓународниот аеродром во Скопје. На 15 август. Талибанците влегоа во Кабул, по што почна и евакуацијата на странските државјани. Во Кабул е тензично. Вчера близу аеродромот беа застрелани пет лица. 

Газменд Арифи фото МИА

Слично

Поврзани вести