Македонски државјанин повреден во Мали
Албанец е убиен со огнено оружје за време на грабеж на неговиот автомобил во петокот во Мали, држава во Западна Африка. Според француската новинска агенција “АФП”, загинатиот Албанец бил вработен таму.
Според АФП, за време на обидот за грабеж на автомобилот каде што е убиен Албанецот, двајца негови колеги, косовски и македонски државјанин се повредени.
Во обидот за грабеж, се претпоставува дека учествувале четири лица. Настанот е потврден од страна на Мисијата на ОН во Мали.
Засега нема официјални детали за идентитетот на убиениот Албанец и другите две повредени лица.
Слично
