Македонски државјанин е уапсен за дрога во Албанија
Македонски државјанин уапсен за дрога во Валона.
Албанската полиција објавува дека спровела операција во Валона во врска со случај на трговија со дрога, каде што во центарот на истрагата е државјанин на Македонија.
Полицијата го уапси 53-годишниот маж со иницијали Б.Л., жител на Северна Македонија, за кој постои сомнение дека изнајмил стан во населбата „10 Корику“ во Валона со цел криење и подготовка на кокаин и канабис сатива за продажба.
При претресот на станот, каде што беа пронајдени уште двајца соучесници, запленети се количини дрога, електронска вага и три мобилни телефони.Во акцијата уапсени се и албанските државјани А.И.(31) од Валона и К.А.(27) од Берат, кои исто така пред судот во Валона ќе одговараат за кривично дело „производство и продажба на наркотични дроги“.
Слично
