Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонски државјанин е уапсен на Морина со уред за производство на криптовалути и 39.000 евра

Македонски државјанин е уапсен на Морина со уред за производство на криптовалути и 39.000 евра

Македонец „падна“ во рацете на албанската полиција. Македонски државјанин е уапсен на граничниот премин Морина на албанско – косовската граница, откако кај него се пронајдени непријавени 39 илјади евра и опрема за производство на криптомонети.

Службите на граничната полиција и царината на преминот Морина, врз основа на анализа на ризик, при влез во Република Албанија, на втората линија, извршија детална контрола на возило управувано од Б.Б.(33) државјанин на Македонија. 

„При контролата, откриени се и запленети 39.000 евра кои лицето претходно не ги пријавило, како и уред за кој постои сомневање дека се користи за производство на криптомонети“, соопшти албанската полиција.

На крајот од првите дејствија извршени од страна на специјалците од секторот за истрага на економски и финансиски криминал од полицискиот комесаријат во Кукс, против Б.Б. поднесена е кривична пријава за „непријавување финансиски средства и вредни предмети“.

Доказниот материјал е доставен до Обвинителството за судската област Кукс. 

Слично

Поврзани вести