МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети
Австриската полиција уапси македонски државјани кои краделе во земјата.
Припадници на австриската полиција конечно пронајдоа четворица плус еден крадци од Балканот кои во изминатиот период извршиле 21 кражба на подрачјето на Горна и Долна Австрија, јавуваат австриските медиуми.
Четворица мажи на возраст од 24 до 26 години беа уапсени по 21 кражба во Горна и Долна Австрија. Тие делумно ги признале злосторствата и моментално се во притвор во Линц. Полицијата, исто така, пријавила и можен петти член на оваа организирана криминална група, кој има 20 години.
Се наведува дека македонските државјани краделе 15 пати во станбени куќи и еднаш во компанија почнувајќи од ноември претходната година. Покрај тоа, има пет провали на банкомати. Вкупната штета изнесува околу 304.000 евра.
Четирите осомничени беа уапсени на 12 февруари во Прегартен (округ Фрајштат). Се наведува дека мажите претходно извршиле кражба во Хелмонседт (округ Урфар-Умгебунг).
Краделе готовина, накит и скапоцени работи, според Управата на покраинската полиција на Долна Австрија.
Вредноста на украдената стока изнесува над 145.000 евра, додека материјалната штета е проценета на околу 159.000 евра.
