Македонски автомобил е оштетен на Халкидики
Македонски автомобили повторно се на мета на вандали во Грција. Инцидент се случил во Вурвуру на полуостровот Халкидики во северна Грција, пишуваат Канал 5.
Сопствениците на автомобилот кои ги испратиле фотографиите до Канал 5 биле згрозени од она што им се случило.
Како што може и да се види на фотографиите, возилото е изгребано со остар предмет од сите страни и има нанесено штета.
Вакви случаи имаше и во минатото. Се случувало и повеќе од 10 возила да бидат изгребани во текот на летната сезона.
Слично
