Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ДОЖИВЕА СООБРАЌАЈКА ВО ИТАЛИЈА: Возачот загинал, има и 12 повредени патници

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ДОЖИВЕА СООБРАЌАЈКА ВО ИТАЛИЈА: Возачот загинал, има и 12 повредени патници

Тешка сообраќајка доживеа автобус од Македонија во Италија, при што има еден загинат и повредени. 

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија преку Амбасадата во Рим информирано е дека денес на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од земјава, информираат од МНР.

На лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, а полесно повредени се 12 патници,  наши државјани.

„Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот“, соопшти МНР.

И претходните години имаше сообраќајни несреќи во Италија во кои учествуваа наши државјани. 

Слично

Поврзани вести