Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската железница се подновува со стотина товарни и шест патнички вагони

Македонската железница се подновува со стотина товарни и шест патнички вагони
Македонски железници догодина ќе имаат 150 нови товарни вагони,  половина од нив отворени за превоз на руда и јаглен, а половина затворени. Ќе ги произведува словачката фирма „ЖОС Трнава“, а тендерот е тежок 13 милиони евра го доби . Првата пратка треба да стигне откако ќе стапи во сила договорот, а во неа ќе има 10 вагони. Потоа секој месец ќе стигнуваат уште по 10 се додека не се испорачаат сите, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Бидејќи вагоните биле поевтини од планираното, ќе се купат уште 20 вагони повеќе од предвиденото, додаде Јанакиески. За квалитетот на вагоните пак, од словачката компанија како гаранција ги наведуваат испораките во неколку европски метрополи. Исто така ќе се купат и  6 гарнитури за патничкиот превоз  со 2015 Железници ќе имаат нов возен парк, велат надлежните. „Исто така многу побаруван е и другиот тип плато вагон којшто е специјален вагон затоа што на него ќе може да се возат два големи контејнери и ќе се зголеми капацитетот за превоз на контејнери“, директорите на МЖ „Транспорт“ Оливер Дерковски. Според генералниот директор на „ЖОС Трнава“ Владимир Пор,   МЖ „Транспорт“ ќе бидат задоволни од нивните производи, а изрази надеж за идна соработка. Покрај обновата на возниот парк, до крајот на годината е најавено дека ќе се склучи договор за изградба на првата делница за пругата кон Бугаријаќе се санира железничката станица во Скопје и десетина низ Македонија.
Слично

Поврзани вести