Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската Влада одговори на изјавите кои доаѓаат од Бугарија

Македонската Влада одговори на изјавите кои доаѓаат од Бугарија

Владата реагира за најновите изјави на бугарските политичари кои се однесуваат на односите на двете земји.

Велат дека деновиве имало постапки и изјави од Бугарија кои македонските граѓани не ги доживуваат како пријателски.  

„Таквите тонови не се доживуваат како пријателски од страна на македонските граѓани. Немешањето во внатрешните работи е принципиелен став, а таков став очекуваме и од соседите. Постигнувањето договори и нашата посветеност на нивната имплементација, меѓу другото, се потребни за помирување на народите и државите во нашиот регион за да живееме во траен мир, и да развиваме трајно пријателство, како што тоа го правиме со сите наши останати соседи. Остануваме посветени на дијалог со Софија и барање на взаемно прифатливо решение за прашањата што се отворија. Република Северна Македонија покажа максимална проактивност и политичка волја да се доразјаснат одредени дилеми и понудивме одговор на повеќе од покренатите прашања. Континуирано работиме на активна имплементација на договорот. Решенијата не се во минатото, тие се во иднината, а иднината бара дијалог, не монолог за внатрешна употреба“, соопштија од Владата. 

Претседателот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов изјави дека Бугарија за да ја поддржи Северна Македонија, бугарското малцинство мора да биде впишано во Уставот на државата.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера најави нова политика кон Македонија, со се става посилен акцент на благосостојбата на македонските Бугари.

Бугарската потпретседателка за Мешовитата македонско-бугарска комисија за историјата, Илијана Јотова вели дека Договорот за добрососедство, не е добар затоа што е премногу општ, рамковен и не се реализира. 

Од Владата, додаваат дека со Договорот од 1 август 2017 година, Северна Македонија и Бугарија потпишаа дека ќе обесхрабруваат провокации кои не се во интерес на ниту една страна, дека нема да влегуваат во круг на навреди, обвинувања и говор на омраза, кои не носат ништо добро за никого, а најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ.

Наместо тоа, Договорот обврзува да се одржува европски дијалог и да се почитува и применува целосно, вклучувајќи го и темелниот принцип за немешање во внатрешните работи на двете земји.

Слично

Поврзани вести