Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската Влада и МНР да помогнат во потрагата по Мартин Јовановски, апелира неговиот брат

Македонската Влада и МНР да помогнат во потрагата по Мартин Јовановски, апелира неговиот брат

Горан Јовановски, братот на исчезнатиот Мартин Јовановски,  по кој се трага на Халкидики бара помош од македонската Влада и МНР. 

„Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до OFKAT екипата спасувачи и до Генералниот Конзулат во Солун кои изминатите три дена се заедно со нашето семејство во потрагата по нашиот Мартин.  Мојата мајка и нашето семејство и пријатели се уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме од Македонската Влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по Мартин бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин“, пишува тој на социјалните мрежи. 

31-годишниот Мартин Јовановски од Македонија, во саботата  исчезна во Посеиди, на Халкидики. Двајцата пријатели кои беа со него успеаја да се спасат. 

30-годишниот Иван кого го спасија по 19 часа борба со брановите, е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, јавува грчки Protothema. 

Слично

Поврзани вести