Македонската сцена загуби голема музичка икона: Збогум Владо Јаневски
По повеќедецениска кариера исполнета со хитови и настапи, македонскиот пејач Владо Јаневски почина вечерва по кратко боледување во една од скопските клиники, на 66-годишна возраст.
Јаневски беше еден од најпознатите македонски поп-изведувачи, кој остави богата музичка кариера и бројни хитови, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.
Роден на 27 ноември 1960 година во Скопје, Јаневски дипломирал на Филолошкиот факултет и бил првиот официјален претставник на Македонија на Евровизија во 1998 година со песната „Не зори зоро“.
Целиот текст на Женски магазин.
Слично
