Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Македонската реформска агенда“ го донесе високиот функционер од САД - Палмер во Скопје

„Македонската реформска агенда“ го донесе високиот функционер од САД - Палмер во Скопје

Високиот функционер од Стејт департментот, Метју Палмер денеска ќе го посети Скопје за да разговара за поддршката на Соединетите Американски Држави за договорот од Преспа за решавање на спорот на Атина со Скопје. 

Заменик помошникот на американскиот државен секретар, како што претходно најави амбасадата во Скопј,е ќе се состане со државни претставници и со функционери на политичките партии.

Состаноците со американскиот дипломат досега ги потврдија главните заговорници на договорот со Грција за решавање на спорот околу името на Македонија - премиерот Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров. Со соговорниците во Скопје, Палмер како што е истакнато ќе разговара за важноста на спроведувањето на „македонската реформска агенда“.



Метју Палмер (Фото Танјуг/Димитрије Гол)

Слично

Поврзани вести