Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската полиција уапси Пакистанец за убиство на својата девојка

Македонската полиција уапси Пакистанец за убиство на својата девојка

Македонската полиција уапси Пакистанец осомничен за убиство на неговата девојка во Атина која се викала Николета.

Тој бил уапсен синоќа заедно со група нелегални мигранти и им бил предаден на грчките власти.

Пакистанецот на околу 20- годишна возраст е осомничен за фемицид над неговата 17-годишна девојка, што се случи во вторникот во атинска населба и оттогаш му се изгуби секаква трага.

Грчкото министерство за цивилна заштита имало информација дека убиецот сакал да избега во некоја од земјите од централна Европа.

-Полициските власти во северна Грција веднаш стапија во контакт со соодветните служби од балканските земји и постоеше континуирана и тесна соработка, а се зајакнаа и контролите на граничните премини. Како резултат на засилените контроли, беше откриена група нелегални имигранти во Северна Македонија, во која е утврдено дека беше и осомничениот сторител на грозоморното убиство, соопштија од надлежното грчко Министерство.


Слично

Поврзани вести