Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maкедонската полиција уапси две лица кои ги бара Интерпол

Maкедонската полиција уапси две лица кои ги бара Интерпол

Maкедонската полиција уапси две лица кои ги бара Интерпол. 

Еден косовски и еден албански државјанин се уапсени вчера на граничниот премин  „Долно Блаце“ при влез во Македонија врз основа на известување од Интерпол.

Полицијата денеска информираше дека во 4:30 часот вчера изутрината на ГП„Долно Блаце“ за влез во Македонија е приведен Л.Ш.(33) од Албанија, врз основа на телеграма од Интерпол за сторени кривични дела „тешки кражби“. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

На ГП „Долно Блаце“ синоќа во 18:50 часот при пасошка контрола за влез во  Македонија е констатирано дека Б.Ш.(47) од Косово се наоѓа на листата од Интерпол со мерка „Апси“, по што е приведен за понатамошна постапка.

Слично

Поврзани вести