Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ БУГАРСКИ СИЛУВАЧ - еден од најбараните криминалци од Интерпол

МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ БУГАРСКИ СИЛУВАЧ - еден од најбараните криминалци од Интерпол

Македонската полиција уапсила еден од најбараните европски криминалци. Станува збор за бугарски државјанин, кој бил баран од интерпол.

На 29.06.2021 во 12.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М.(63) од Р.Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија, соопшто МВР.

Како што велат од полицијата, П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол.

Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и спроведено во КПУ Затвор Скопје.

Слично

Поврзани вести