Македонската и грчката влада ги потпишаа договорите
Премиерот Зоран Заев и владините функционери Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Горан Сугарески, Андреј Жерновски ги потпишаа договорите со соодветните ресори од делегацијата на грчката влада која грчкиот премиер Алексис Ципрас ја предводи во Скопје.
Потписи беа ставени на Акцискиот план за меѓусебно интензивирање на соработката согласно преспанскиот договор, Договор за соработка во одбраната, Меморандум за соработка во процесот на евро-интеграциите, Меморандум за разбирање меѓу министерството за транспорт и врски и соодветниот ресор од Грција, Меморандум за развој на патната и железничката инфраструктура и Спогодба за нов граничен премин Мајден.
Слично
