Македонската и албанската Влада на заедничка седница - Заев и Рама ќе го посетат Пустец
Владите на Република Македонија и на Република Албанија, утре ќе ја одржат заедничката меѓувладина седница во Поградец, Албанија.
На заедничката меѓувладина седница ќе се разговара на повеќе теми за унапредување на билатералната соработка во областа на инфраструктурно поврзување, изградба на Коридорот 8, олеснување и интензивирање на размената на стоки и услуги и зајакнување на соработката во областа на безбедноста.
По завршување на седницата, во 16:30 часот премиерот Заев и неговиот колега Рама ќе одржат заедничка прес конференција.
Следното утро премиерите Заев и Рама во придружба на владини претставници ќе заминат за Пустец, каде што ќе се сретнат со претставници на локалната самоуправа и ќе го посетат училиштето и ќе донираат опрема за учениците.
