Македонската економија влезе во рецесија, ВМРО-ДПМНЕ бара реални мерки, а не дневно политиканство
ВМРО-ДПМНЕ вара реални и суштински економски мерки од Владата, а не како што вели - дневно политиканство, по влегувањето на македонската економија во рецесија.
„Македонската економија блескаво влезе во рецесија, со пад во сите параметри по вина на СДСМ. Пад од 5,9% на економијата, буџетска дупка од 920 милиони евра, раст на јавниот долг за 10%, катастрофална реализација од 39% на капиталните трошења од првиот буџет, нето одлив на инвестициите од 32 милиони евра, а над 50 илјади граѓани се невработени само во последните десет месеци.
Сега СДСМ може комотно да се преименува во партија за економска рецесија, затоа што кога и да е на власт им носи на граѓаните само поголема мизерија“, гласи соопштението на најголемата опозициска партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија има најголем број на умрени и заразени во регионот по вина на СДСМ и дека ништо не е направено четири години за загадениот воздух.
„Заев и оваа економски неписмена Влада ги однесе граѓаните во политичка, здравствена и економска јама, во која како давеник за сламка наместо реални и суштински политики, лиферува дневно политиканство се тоа на штета на народот“, додаваат од таму.
