МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА СПАСИ 5-ГОДИШНО ДЕТЕ ОД ПОД УРНАТИНИТЕ: Операцијата траела цели 10 часа
Армискиот тим од
Македонија кој замина во Турција во спасувачка акција заедно со турските колеги
успеа од под урнатините да спадат петгодишно дете. Акцијата траела шест часа,
откако слушнале детски глас, а потоа уште четири часа го извлекувале
преживеаното детенце
Тие се ангажирани во градот Кахраманмараш, а успешната акција се случила во во попладневните часови.
-По сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини, нашиот армиски тим заедно со турскиот тим за пребарување по шестчасовно расчистување на рушевините слушнале детски глас и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман од рушевините, информираат од Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата.
