Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ЌЕ ЛЕТА СО ХЕЛИКОПТЕРИ НА „ЛЕОНАРДО“ - италијанската компанија е избрана за најповолен понудувач

МАКЕДОНСКАТА АРМИЈА ЌЕ ЛЕТА СО ХЕЛИКОПТЕРИ НА „ЛЕОНАРДО“ - италијанската компанија е избрана за најповолен понудувач

Министерството за одбрана ќе набави хеликоптери Агуста Вестланд 149 и 159. Понудата од италијанската компанија Леонардо е прифатена како најповолна. 

Во следниот период ќе биде формирана Комисија која ќе треба да ги продолжи преговорите, а министерката за одбрана Славјанка Петровска се надева дека овој процес ќе биде успешно завршен.

„Во период од речиси три години, интегрираниот проектен тим што беше формиран во Министерството за одбрана работеше на испитување на пазарот и прибирање на понудите од различни производители. На предлог на тимот, а врз основа на поширок консултативен процес со Генералштабот на Армијата и стручните лица во Армијата, се донесе одлука да се прифати понудата на еден од понудувачите, а тоа е Леонардо од Италија“, рече Петровска.

Доколку преговорите бидат успешни, треба да биде потпишан договор по кој во рок од две години треба да бидат испорачани хеликоптерите.

Агуста 149 е повеќенаменски воен хеликоптер и компанијата тврди дека е најнапредниот модел во својата класа. Првпат полетал во 2008 и оттогаш е продаден на италијанската војска и полиција. Има носивост до 14 патници со опрема.

Агуста 159, исто така, може да се користи за различни задачи. Во употреба е од 2009-та. Има помала носивост, до 8 патници.

Слично

Поврзани вести