Македонската армија 118-та во светот од 136 држави со војска
Македонската армија по сила е 118-та во светот според најновиот извештај за Глобалната милитантизам за 2018-та, и е искачена повисоко во однос на претходното истражување.
Од регионот посилна е за неколку позиции само од онаа на Црна Гора и на БИХ, а послаба е од Грција (26), Романија (40), Бугарија (60), Хрватска (72), Србија (78), Албанија (86).
Индексот зема во предвид 55 фактори од воените ресурси и опкружувања на 136 држави. Најсилни се САД, Русија, Кина, Индија, Франција, Велика Британија, Јужна Кореја, Јапонија, Турција и Германија.
Годишниот буџет на АРМ е 108 милиони долари. Има 31 тенк, 33 борбени возила, 10 транспортери и 4 хеликоптери за напад. Има 8.055 активна војска и 16.000 резервисти, како и 871.803 физички подготвено население за војување.
