Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонската амбасадорка на рапорт во Софија, затоа што некој украл монитор во бугарскиот КИЦ

Македонската амбасадорка на рапорт во Софија, затоа што некој украл монитор во бугарскиот КИЦ

Некој наводно провалил во бугарскиот Културно-информативен центар, кој беше отворен во Скопје на крајот од минатата година, а тоа било причина македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси-Поповска, во бугарското Министерство за надворешни работи.

Според информацииите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за кражба на монитор од компјутер, без други поголеми видиливи материјални штети.

Сепак, тоа за Културно-информативниот центар во Скопје било напад на бугарската држава и знак да се повика Руси.

Директорот на бугарскиот КИЦ во бугарското МНР изразил „сериозна загриженост за актот кој е одраз на антибугарска кампања“.

Од таму очекуваат брза идентификација на сторителите и македонските власти, како што велатм, да покажат дека се неприфатливи ваквите дејствија против Бугарија.


Слично

Поврзани вести