Македонската амбасада во Канбера заглавена во долгови
Македонската амбасада во Канбера заглавена во долгови за погрешно паркирање.
Австралискиот весник ,,Canberra times“ во текст со наслов ,,Листа на срамот: Кои амбасади најмногу должат за погрешно паркирање“, објавува листа на амбасадите во Канбера кои направиле најмногу сообраќајни прекршоци и се најголеми должници за погрешно паркирање.
Македонската амбасада се наоѓа на 12 место од листата должници со 15 сообраќајни прекршоци за лошо паркирање оваа година и треба да плати казни во износ од 2.144 австралиски долари.
Листата ја предводи руската амбасада, која има 173 казни за паркинг, за што должи 22.761 австралиски долар.
Над 10.000 долари должи и амбасадата на Египет. Таа го држи второто место на таканаречената листа на срамот, со 107 прекршоци во висина од 12.609 долари.
Потоа следуваат Словачка (6.796 долари), Гана (4.724), Јордан (3.968) и Романија (3.774).
фото Фејсбук
