Македонска Каменица прогласи тридневна жалост
Општина Македонска Каменица вечерва прогласи тридневна жалост, откако тројца Македонци, од кои двајца жители од ова место, живото го загубија во сообраќајна несреќа во Пиемонт, Италија.
Советот на Општина Македонска Каменица на Вонредна Седница едногласно донесе одлука да прогласи Тридневна Жалост во деновите 11, 12 и 13 Април 2023 година, Вторник, Среда и Четврток.
„Момчиња почивајте во мир, нека Ви е светол патот во вечноста. Секогаш ќе се сеќаваме на Вас“, се вели во дел од соопштението од каменичкиот Совет по повод прогласувањето на Тридневната жалост.
Животот кај Асти го загубија тројца македонските државјани З.С. - 33 години од Македонска Каменица, А.К. - 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко.
