Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонска Каменица е со најмал број на заболени од корона

Македонска Каменица е со најмал број на заболени од корона

Македонска Каменица е општина со најмал број на заболени од корона. Во градот има само еден активен случај на коронавирусот. 

По 2 активни има во Дојран, Крушево, 3 во Демир Капија, 6 во Демир Хисар, 7 во Крива Паланка, 8 во Неготино, 10 во Пехчево, а Богданци има 11. 

Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи на КОВИД-19. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 166.741, бројката на оздравени пациенти е 151.692, на починати е 5.632, а бројот на активни случаи изнесува 9.417.

Слично

Поврзани вести