Македонска Каменица чека Саса да ја плати концесијата
Рударската општина Македонска Каменица чека исплата на концесијата од рудникот Саса во висина од 30 милиони денари за да може да менаџира поликвидно со своите трошоци и долгови.
- Очекуваме во наредните неколку недели концесионерот на рудникот Саса да ги плати своите обврски кон општината - рече денеска градоначалничката Соња Стаменкова.
Рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица веќе 12 години е рестартиран и тој е еден од најголемите пет рудници за олово и цинк во Европа.
Компанијата „Централ Азија металс“, со седиште во Лондон, Велика Британија, минатата есен официјално стана сопственик на рудникот „Саса“ кога на Лондонската берза денеска беше завршена постапката за купување на 100 проценти од „Линкс ресорсис лимитед“, поранешниот сопственик на рудникот.
Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), Сојузот на синдикати на Македонија и Рудникот за Олово и цинк Саса на крајот на пролетта потпишаа спогодба согласувајќи се на понудата за зголемување на платата која што компанијата ја достави до синдикатот на 26ти април.