Македонска граница: Неколкукратно намалување на спречувањата на илегални премини
Во 2018-та македонската армија и помогнала на граничната полиција да спречи 500-тини илегални обиди за премин на македонската државна граница.
Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, овој резултат е послаб од претходните години, кога таа бројка на спречувања била неколкукратно поголема.
„Сметам дека е важно особено во овие денови кога се подготвуваме и за празници, да ја изразиме нашата благодарност на припадниците на АРМ кои што не се дома со своите семејства, туку се тука и извршуваат задачи за граѓаните на Гевгелија, на Богданци, но и на цела Македонија да не стравуваат од опасност по безбедноста или стабилноста на државата“, рече министерката.при денешната посета на караулата Богородица и на армискиот пункт во Богданци.
Министерката Шекеринска порача дека граѓаните на Македонија можат мирно и спокојно да ги слават претстојните празнични денови токму затоа што припадниците на Армијата, деноноќно и професионално се грижат за колективната безбедност.
