МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА УАПСЕНА НА КОСОВО: Измамила лице за одредена исплата во Подујево
Македонска државјанка е уапсена во Косово поради измама.
Полицијата oбјави дека во неделата уапсила државјанка на Северна Македонија, под сомнение за измама.
„На 25.8.2024 година, уапсена е осомничена жена, државјанка на Северна Македонија, која ја измамила жртвата од машки пол, во врска со исплата“, се вели во соопштението.
Се наведува дека осомничената измамила лице во врска со одредена исплата на 12 јули во градот Подујево.
Слично
