Македономер: Апликација со која може да си го измерите Македонлукот
На социјалните мрежи граѓаните имаат забава со новата пародична веб апликација наречена Македономер со која може да го измерите вашиот Македонлук, а потоа комичните референци да ги споделите со вашите пријатели на Фејсбук. Македономер има 17 мерни единици на Македонлукот, од кодош, удбаш, соросоид, до просечен менаџер во администрација, антички тврдокорен Македонец, а врвот е Цар Убермакедон.

Единствена наша забелешка е што резултатите се произволни, а не се добиваат на пример со внесување на одговори за чуството на патриотизам. Секако, Македономер служи за забава, но и за покажување на суровата реалност на тотална поделеност во македонското општество на наводни патриоти и предавници на сите кои размислуваат критички кон одредена партија. Колку краци добивте вие на тестот?
