Македонката која прегази куче во Црна Гора оди во притвор
Македонката која прегази куче и се обиде да избега од Црна Гора доби 30 дена притвор.
Основниот суд во црногорскиот град Улцињ ѝ определи 30-дневен притвор на 46-годишната македонска државјанка Сашка Стојановска, осомничена за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.
Според црногорската полиција, таа на 24 јули со автомобил „Мерцедес“ намерно прегазила куче од расата шарпланинец, а потоа се обидела да ја напушти државата. Полицијата ја уапсила на граничниот премин Сукобин-Муриќани.
Стојановска и нејзината ќерка тврдат дека шарпланинецот претходно го убил нивното куче и ги нападнал нив, поради што со возилото го оттурнале кучето.
фото принтскрин
Слично
