Македонка со својата ќерка се обидува да замине од Украина
Мери Амбросова, која во последните неколку години со семејството живее во Украина, објави видео на социјалните мрежи. Таа се обидува со својата ќерка да ја напушти земјата и да се врати во Македонија.
Претходно преку фотографии објави дека на бензиските пумпи дозволуваат да се наполнат само по 20 литри бензин за автомобил ако воопшто се најде.
Таа вели дека сопругот за сега ќе остане во Украина и тој подоцна ќе се врати во Македонија.
Во селото Зазимија кое спаѓа во Киевската област, се наоѓа и Игор Ангелов од Македонија кој е оженет за Украинка од 2014 година. Во продолжение го пренесуваме сведоштвото кое тој го даде за портал Струмица Денес:
„Ќе гориме во пеколот. Утрово свиреа сирени. Живееме на 23 км од центарот на Киев и се слушнаа два силни удари. На работа не одиме, леб не успеавме да купиме…купив брашно и квасец и неколку литри млеко. Струја и плин засега имаме, ќе видиме само до кога. Додека го пишувам ова пред малку слушнавме уште еден удар, прозорците се затресоа. По мое ноќеска би можело да биде поопасно.“
Слично
