МАКЕДОНИЈАТУРИСТ: Бесплатно сместување на блиски членови од семејствата на повредените во пожарот во Кочани во Хотел Карпош
Македонијатурист АД Скопје, овозможува бесплатно сместување на блиски членови од семејствата на повредените во пожарот во Кочани, во Хотел Карпош, лоциран во непосредна близина на болницата 8-ми Септември- Скопје.
„За да се сместите во Хотел Карпош, потребно е директно да се јавите на телефонските броеви: тел: +389 78442681 -Валентин, тел: +389 71341262 - Александар“, додаваат оттаму.
Голем дел од повредените се на скопските клиники.
Слично
