Македонија загуби од Данска со 31 наспроти 20
Македонија го загуби третиот натпревар во Главната фаза и ќе заврши на 10. место на финалното рангирање на Европското ракометно првенство што се одржува во Хрватска.
Во Вараждин репрезентацијата на Данска ја победи Македонија со 31:20 во третото коло од Групата 2.
Првото полувреме заврши со резултат 12:12. Во вториот дел Данска создаде водство и дојде до победа.
Филип Кузмановски со шест голови беше најефикасен во македонската репрезентација. Дејан Манасков и Стојанче Стоилов имаа по четири гола. Голманот Никола Митревски забележа 10 одбрани. Михаел Дамгард Нилсен со 11 голови беше најефиксаен во двата тима и беше прогласен за играч на натпреварот.
Слично
