Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија вработува ќе има нов дел, но побрзо да се формирала владата

Македонија вработува ќе има нов дел, но побрзо да се формирала владата

Македонија вработува моментално како проект е активен во втората фаза, а штом се формира влада најверојатно ќе се подготви нов дел со нови мерки и поволности за невработените, но и работодавачите, порача Слободанка Алексовска од Центарот за вработување Скопје при АВРМ.

„Во моментов мерката Македонија вработува 2 е онаа што работодавачите и невработените лица можат да ја искористат. Се очекува носење на нов оперативен план за 2017-та година и затоа е потребно што побрзо да се формира новата Влада за да се усвои овој оперативен план и да се премине понатаму со реализација на мерките за вработување и намалување на невработеноста“, изјави Алексова во емисија на ТВ Нова.

Одложувањето на политичка разршеница по изборите, но и особено по долгата политичка криза не и дозволува на економијата да порасне со целиот потенцијал, што е и проблематично за инвестициите, како и за отварањето на нови работни места.


Слично

Поврзани вести