Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во жолта и во портокалова фаза: Обилни врнежи и можни поплави

Македонија во жолта и во портокалова фаза: Обилни врнежи и можни поплави

Моќен циклон со центар над Џенова: На ден 26 Јануари 2026 понеделник целата територија на Македонија ќе биде во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни дождови, на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе врне снег, објави Славчо Попоски.

„Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец особено во Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час а можна е  и ретка појава на грмежи. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени а во Скопје  и околината температурата денес ќе се искачи до околу 9 степени.

Поради очекуваните обилни врнежи во Македонија, повторно расте ризикот од зголемување на нивоата на реките  и на езерата како и опасноста од излегвање на реките  и поплави“, објави тој. 


Слично

Поврзани вести