Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија во жолта фаза: Очекувајте дожд и снег

Македонија во жолта фаза: Очекувајте дожд и снег

Од синоќа на полноќ земјава се наоѓа во жолта алертна фаза поради засилен ветер и врнежи од дожд. Во овиде два земјата ќе биде зафатена од циклонска активност проследена со врнежи од дожд и снег.

Времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец што ќе предизвика појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура ќе се движи од нула до 12 степени. Во Скопје ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец што ќе предизвика појава на снежни наноси. Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до осум степени.

Во петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см и ќе има појава на снежни наноси. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура ќе биде пониска за околу 10 степени.


Слично

Поврзани вести