МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА: Граѓаните да се заштитат од топлотен бран
Tопли денови се очекуваат во Македонија.
Tериторијата на целата држава утре ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.
Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се:
-Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот
-Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината)
-Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и конзумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.
-Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
-При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
-На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.
-Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
Информации и препораки за заштита од топлотен бран континуирано се дистрибуираат на интернет страната: www.toplotnibranovi.mk.
